Сакам да потенцирам дека до 1990 година, бидејќи немаше податоци, Албанија се сметаше како хомогена држава на албанскиот народ. Албанија е мултиетничка држава каде што живеат Албанци, Македонци, Грци, Србоцрногорци, Роми, Власи, Египјани итн... Вкупно нас малцинствата не има повеќе од 30 проценти од населението. Една третина од населението во Албанија отпаѓа на малцинствата. Што значи државата мора да ги преземе сите права што им следат на националните малцинства, а според меѓународните правни принципи таа мора и да одговара за нивното спроведување во општеството. Албанија мора да овозможи отворање на училишта во кои ќе се учи мајчиниот јазик на малцинст