Main       |        About Us        |      Latest News      |      Photo Gallery      |       Activities       |      Contact        |     Links    
 

 

 

 

 

 

 

 

СРЕДБИ БЕЗ ВРАТОВРСКИ ВО ОХРИД И ВО ПОДГРАДЕЦ
Потрага по подобар живот за Македонците во Албанија


Dnevnik
int.dnevnik.com.mk

3 noembri 2003

Претседателот Борис Трајковски се заложил да се подобрат условите за живот на Македонците во Албанија на средбата со неговиот албански колега Алфред Мојсиу што се одржа во рамките на приватното неформално дружење на шефот на државава со политичари од регионот и неколку негови потврдени европски пријатели во Подградец, Албанија и во Охрид.

И трговските односи меѓу Македонија и Албанија биле тема на средбата со Мојсиу, а се разговарало и за работите на делницата Драч-Ќафасан, чие завршување треба да го олесни транспортот меѓу двете земји.

Трајковски го покренал прашањето за статусот на Горанците на што премиерот на Косово Бајрам Реџепи одговорил дека тие можат слободно да се изјаснат за припадноста, а привремената косовска влада ќе направи с$ да ги уживаат сите права според меѓународните стандарди.

На неформалните средби присуствувале претседателот и министерот за одбрана на Албанија Алфред Мојсиу и Пандели Мајко, премиерот на Норвешка Кјеј Магне Бондевик, косовскиот премиер Бајрам Реџепи, премиерот на Република Српска Борисав Микеревиќ, шефот на босанската дипломатија Младен Иваниќ и принцот од Лихтенштајн Николаус. Средбите се одржуваат по иницијатива на Трајковски.

Од неговиот кабинет вчера не сакаа да соопштат детали за ненадејната средба, ниту за што разговараат учесниците, освен дека се работи за ?приватна посета и средба на добри пријателии?.

На првиот ден од ова ?приватно неформално дружењее?, Трајковски имаше официјална билатерална средба со косовскиот премиер Реџепи, кој во Охрид дојде во придружба на претставник на УНМИК. На средбата главна тема бил коридорот за транспорт на стоки од Македонија кон Црна Гора преку Косово. Реџепи и претставникот на УНМИК ветиле дека ќе направат с$ за непречен транспорт на стоки. Трајковски рекол дека на регионот повеќе не му требаат војни и конфликти. Демаркацијата на границата не била тема на средбата.

За зачленувањето во НАТО Трајковски разговарал со норвешкиот премиер Бондевик, кој ги поддржал реформите во земјава и спроведувањето на охридскиот договор.

На ова неформално дружење биле поканети и Светозар Маровиќ и Воислав Коштуница, но тие не допатувале поради претходно договорени обврски. (Ж.П.Б.)

 

Copyright © 2003 macedoniansinalbania.org All rights reserved
Terms of Service Feedback: info@macedoniansinalbania.org